BELTONE TURN – Напреден дигитален слух за сите

Слушајте разбирливо и природно

Со Beltone TURN ќе ги слушате чисто, природно и со доволно волумен и ниските и високите тонови . Ќе уживате во удобно слушање, без разлика во каква средина се наоѓате.

Слушајте разговор – не иритирачката бучава
Beltone TURN се фокусира на говор, па затоа е полесно за вас да се фокусирате во разговор. Beltone TURN ја намалува бучавата во позадината. Дури и ниските звуци како бучавата на вентилаторот или фрижидерот нема да ве вознемируваат.

Слушајте удобно и безбедно
Beltone TURN ќе ве штити од непријатната голема бучава. Тоа значи дека секогаш ќе се чувствувате удобно со слушниот апарат.