Слушни апарати Beltone
Да слушате и да разбирате е најважното нешто во животот. Ние се грижиме за вашиот слух!
Слушниот Центар МИКРОТОНИ се занимава со решавање на вашите проблеми со слухот преку адаптација на слушни апарати Beltone како и со заштита на слухот. Во нашиот центар исто така функционира и отопластична лабораторија опремена спрема европски стандарди.
Носењето на слушни апарати
Ако имате оштетен слух, вашиот живот може видно да се подобри ако употребувате слушни апарати. Денеска слушните апарати се напредни микропроцесори кои што се прилагодуваат спрема вашите потреби. Има некои многу лесни чекори кои што треба да ги следите за да профитирате максимално од слушните апарати. Следењето на неколку совети може да направи многу важни измени во вашето искуство со слушните апарати. Ние сакаме вие да го почувствувате повторно слушањето и да ви помогнеме за да се навикнете на слушниот апарат со следните сугестии:
-Навикнувањето со слушниот апарат бара малку трпение, одлучност и вежби, потоа вие ќе ги слушате нештата што сте заборавиле дека сте ги слушале.
-Ние ќе ви дадеме многу практични упатства за одржување на слушните апарати за да го продолжите нивниот век.
-Доколку имате обострано оштетување на слухот, употребата на два слушни апарати ви гарантира максимална придобивка!